После пет години чекање Уставниот суд на вчерашната седница требаше да постапи согласно Уставот и да донесете конечна одлука по однос на 13-те поднесени Иницијативи за Законот за употреба на јазиците, но за жал, тројца судии одлучија да ја бојкотираат седницата на Уставниот суд.
ДЕМОКРАТИ ги прашуваат тројцата уставни судии зошто не присуствуваа на седницата на Уставниот суд и кој им го дава тоа право? Дали нивен работодавец е ДУИ, ВРЕДИ или некој трет, или Република Македонија.
Тие добро знаат дека нивна одговорност како Уставни судии е да одлучуваат по Уставот и законите, а не да ја бојкотираат седницата и да не се’ произнесат по 13-те поднесени Иницијативи за Законот за употреба на јазиците кои пред 5 години беа поднесени. Ако сметаат дека Уставниот суд е гранап, тогаш нека се вратат оттаму од каде што дошле во него. Државата и граѓаните пред се. Но, за платата на 1ви нема да бојкотирате?! Овој чин ве сведува на дезертери и ништо повеќе!
Затоа, ДЕМОКРАТИ најостро ги осудуваат тројцата уставни судии кои свесно ја бојкотираа вчерашната седница на Уставниот суд и со тоа спречија Уставниот суд да донесе конечна одлука.
На Македонија им се потребни уставни судии кои ќе го бранат Уставот и Законите, ќе судат по Уставот и Законите во решавање на поднесени Иницијативи до Уставниот суд, а не да ги ги подржуваат партиите.
Затоа ДЕМОКРАТИ бараат од институциите кои ги поставиле тројцата судии ИТНО да ги разрешат!
ДЕМОКРАТИ секогаш со Македонија и граѓаните!


