ВО ДРЖАВА КАДЕ МАЛЦИНСТВОТО ОДЛУЧУВА ЗА МНОЗИНСТВОТО ПОСТОИ ДИКТАТУРА, А ВО ДРЖАВА КАДЕ МНОЗИНСТВОТО ОДЛУЧУВА, ПОСТОИ ДЕМОКРАТИЈА
ДПНЕ предложи измени на Законот за средно образование, а ВЛЕН и ДУИ се спротивставија на законот, затоа што во него се предвидува интонирање на државната химна на почетокот и крајот на учебната година како и при одбележување на патронатите на училиштата. Исто така Законот се однесува и на педагошката евиденција на двата јазици, македонскиот и албанскиот, како и за полагање испит по македонски јазик на сите директори.
За жал, ДПНЕ кукавички го повлече законот и дозволи ВЛЕН и ДУИ да го стопираат предлог-законот за средно образование.
После повлекување на предлог-законот ВРЕДИ триумфално изјави: „Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е ВРЕДИ. Постапивме како што ни одговара. Без врева и без бучава. Во првото читање наредбата ја дадовме со тоа што воопшто не гласавме, а по потреба поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, Владата го повлече законот. Државната химна нема да се интонира во училиштата“, се наведува во соопштението на Вреди.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат кукавичкото однесување на ненародната ДПНЕ и Владата кои работат во интерес на албанските партии, а не во интерес на сите граѓани на Македонија!
ДЕМОКРАТИ: ВО ДРЖАВА КАДЕ МАЛЦИНСТВОТО ОДЛУЧУВА ЗА МНОЗИНСТВОТО ПОСТОИ ДИКТАТУРА, А ВО ДРЖАВА КАДЕ МНОЗИНСТВОТО ОДЛУЧУВА, ПОСТОИ ДЕМОКРАТИЈА!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


