Според извештајот на Заводот за ревизија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) не може да одговори при пожари, поплави, земјотреси и други елементарни непогоди. Впрочем граѓаните на Македонија се уверија во тоа минатото лето, а и повеќе пати порано кога беснееја пожари низ државата, а ДЗС немаа ниту опрема, ниту персонал за гаснење пожари, и притоа за жал, изгореа огромни површини со шуми.
– Како прво и најважно нема национална Стратегија за постапување за време на кризи, елементарни непогоди и катастрофи во државата.
– Постои ризик од некоординираност на локално, регионално, државно и меѓународно ниво.
– Засолништата со кои располага ДЗС се потполно нефункционални, и во не доволен број, со неисправни системи за вентилација, без струја, целосно запуштени поради негрижа и личат на места за отпад и депонии, а не на места за заштита и спасување на луѓе.
– ДЗС нема адекватна, а уште помалку современа опрема за гаснење на пожари и спасување, а таа што ја има стои по магацините и не е ставена во употреба.
– ДЗС подолго време има недостиг на пилоти и друг човечки потенцијал за спасување.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат премиерот Мицкоски и неспособниот директор на ДЗС Џеват Селами, кој ќе ги спасува граѓаните во државата при пожари, поплави, земјотреси и други елементарни непогоди?
ДЕМОКРАТИ поради тоа бараат ИТНО разрешување на неспособниот директор на ДЗС, Џеват Селами и ги предлагаат следните мерки:
1. ИТНО да се изготви Стратегија за постапување за време на кризи, елементарни непогоди и катастрофи.
2. Да се екипира ДЗС со пилоти и специјални единици за спасување.
3. ДЗС да се опреми со најсовремена противпожарна опрема, авиони, хелихоптери, возила за гаснење на пожари, наместо да се изнајмуваат од странство.
4. ИТНО да се изградат нови и да се стават во функција постоечките засолништа, да се оспособат според најновите стандарди, кaко и редовно да се одржуваат истите.
Демократи секогаш со граѓаните!


