Изгледа пратеничката од ВЛЕН Имерлије Салиу, нема основни познавања и забегала со својата изјава, како дел од шовинистичката група на албански политичари кои секојдневно даваат шокантни и шовинистички изјави, без никаков респект према Уставот, законите, македонската држава и народот!
Таа изјави на незиниот фб профил: “Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија” .
Таа треба добро да знае како пратеник во Собрание, дека во Македонија имаме Премиер на Македонија кој е премиер на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Торбешите, Власите, Србите и други македонски граѓани, и дека во Македонија не може да постои дуализам во власта, затоа што не сме федеративно и бинационално државно уредување.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!


