Мнозинството во кумановскиот совет на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не прифати да се расправа за ретроактивното оданочување на печалбарите во Ирак и Авганистан.
Советот на Општина Куманово не ја стави на дневен ред точката по која требаше да се расправа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Куманово, кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, а се однесуваат на ретроактивното оданочување, со образложение дека тоа е во ингеренција на Управата за јавни приходи (УЈП).
Поранешните вработени во Ирак и Авганистан, повеќе од две недели протестираат пред УЈП за решавање на нивниот проблем од надлежните институции, притоа побараа помош и од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Според изјавата на градоначалникот Димитриевски, УЈП ќе ги прибира документите за даночните обврзници во странство и ќе изготви конечни решенија.
ДЕМОКРАТИ им даваат поддршка на граѓаните кои штрајкуваат поради двојното оданочување од страна на властите, и бараат од УЈП под ИТНО да се изготват решенија за ослободување од данок, на тие граѓани кои плаќаат данок во странски држави.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


