Партиите ДЕМОКРАТИ, МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНИСТИ и РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА
ги повикуваат граѓаните на Битола, Новаци и цела Пелагонија на масовен народен протест
Излегуваме на протест против изградбата на регионална депонија во Општина Новаци,
каде е планирано ѓубре од 18 општини да се депонира со децении.
– Дополнително загадување на воздухот, почвата и подземните води.
– Дирекна закана по здравјето на граѓаните на Битола, Новаци и околните населени места.
– Нов извор на канцерогени честички, токсични гасови и зарази.
– Претворање на Пелагонија во регионална канта за отпад.
– Во Македонија, според официјални податоци, околу 3.000 луѓе годишно умираат од последици од загаден воздух.
– Пелагонискиот регион е меѓу најзагадените во државата.
– Наместо решенија за чист воздух, се планира дополнително загадување со отпад од 18 општини.
Посебно ги повикуваме припадниците на Ромската заедница, кои со години живеат со енормно загадување во населбата Баиро и долж патот Битола–Ресен.
Вашата борба е заедничка борба – воздухот што го дишиме е ист за сите!
Ова не е партиско прашање.
Ова е прашање на живот, здравје и иднина.
ПРОТЕСТИРАЈ!
НЕ МОЛЧИ!
ДЕМОКРАТИ,
МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНИСТИ,
РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА!


