НЕЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ КОРИСТАТ ДЕЦА ЗА НАЦИОНАЛИСТИЧКИ И ИРЕДЕНТИСТИЧКИ ЦЕЛИ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) спроведе вонреден надзор на музичката програма од „Фестивалот на детска песна – Билбилите на Кораб“, на кој деца од регионот пеат песни на албански јазик. Се работи за изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“, која предизвика реакции во јавноста, поради визуелниот настап на девојчето кое за време на изведбата на песната е облечено во маица, на чија предна страна е прикажана илустрација на картата на т.н. „Голема Албанија“, која вклучува територии на Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија, Косово и Грција.
На задната страна од маицата на девојчето, пак, на албански јазик се испишани зборовите „1 GJUHË, 1 KOMB, 1 GJAK“ („Еден јазик, еден народ, една крв“).
Дополнителна тежина, според извештајот, носи и самиот текст на песната, кој содржел пораки за обединување на територии од повеќе држави во регионот, вклучително и делови од Македонија.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат пренесувањето пораки и злоупотребата на деца во националистички и иредентистички цели и е
спротивно со духот на соживот и толеранција во нашето мултиетничко општество. Со вакви содржини се поттикнува и се шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност.
Поради тоа ДЕМОКРАТИ бараат одговорност од директорот на МРТ, Марјан Цветковски и уредникот на музичката програма, што дозволија да се емитуваа оваа песна, преку која се злоупотевува дете за промовирање на националистички и иредентистички цели.
Претходно СТРАТЕШКИ УДАР ВРЗ ПЕЛАГОНИЈА И АГРАРОТ- ВЛАСТА ГО ЗАТВОРА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ВО БИТОЛА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ