ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ ГИ ШТИТИ КОЦКАРСКИТЕ БИЗНИСИ ПОВРЗАНИ СО КОРУПЦИЈА И ПОТКУП ВО АВСТРИЈА

Демократи откриваат дека македонската коцкарска индустрија е поврзана со меѓународни компании, чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари. Една од нив е австриската компанија
,,NOVOMATIC AG”, која преку повеќе фирми контролира дел од автомат клубовите во државата.
Додека економијата тоне и граѓаните тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската компанија извлекуваат милионски профити од зависноста од коцкање. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа” – во 2025 година остварила чист профит од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство подигнало обвинение против сопственикот на австриската компанија, за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, Владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки за лиценци.
Според предлог законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се носат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.
ДЕМОКРАТИ поставуваат прашање и даваат логичен одговор:
Како е можно власта на ДПМНЕ да предлага толку ниски давачки за коцкарската индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори и коруптивни релации?
Јасно е дека власта на ДПМНЕ е поврзана со коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата е сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително, корупциско минато.
Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по нивна мерка. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира и поддржува.
ДЕМОКРАТИ повеќе години предлагаат затварање на коцкарниците, кладилниците, обложувалниците, канцелариите за брзи кредити и се борат против криминалот и корупцијата во Македонија!

Претходно По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, упатуваме искрени честитки до сите граѓани.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ