Благодарение на медиумите и одредени спонзори, во нашата криминална држава се промовираат и слават криминогени умови,поточно криминалци.
БОКИ 13 е типичен пример на криминоген ум и криминалец,кој наместо да биде во затвор е пуштен на слобода од криминалното судство, прави турнеа и концерти, благодарение на спонзорите и украдените пари, поддржуван од медиумите.
ДЕМОКРАТИ ги прашуваат медиумите и спонзорите, зошто го поддржуваат и величат овој криминалец, кој остава исклучително негативна порака кај младите генерации, дека криминалот наместо да се казнува, во нашата криминална држава се наградува.
За жал, наместо да се промовираат квалитетни луѓе во сите сфери од општественото живеење,кај нас криминалците се заштитени со криминалниот Кривичен закон.
Во криминална држава како Македонија,со криминални институции како што се: правосудството,јавното обвинителство МВР,како и криминални политички партии,не е ни чудо што наместо да се казнуваат криминалците, тие се наградуваат и промовираат а квалитетните луѓе се принудени да заминуваат од државата!
ДЕМОКРАТИ најжестоко се борат против криминалот и корупцијата и итна промена на Кривичниот законик, за да имаме конечна правда во Македонија!


