ОВА НЕ Е ЕПИДЕМИЈА, ОВА Е УБИСТВО НА 8, НЕВИНИ ГРАЃАНИ

Човечка трагедија е што Македонија има највисока стапка на смртни случаи од западнонилска треска во Европа -читај 8 убиства!
Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа.
Бројот на заболени и починати во последните месеци е особено загрижувачки, имајќи предвид дека сите изминати 15 години, откако е забележан тигрестиот комарец, имаме помалку заболени и починати отколку последниве месеци.
Со 8 смртни случаи и повеќе од 50, а можеби има уште повеќе непријавени случаи на западнонилска треска во државата, Македонија стана лидер во Европа по случаи на западнонилска треска по глава на жител.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, како е можно епидемија на западнонилска треска да биде прогласена во пет од десетте скопски општини, додека во останатите пет, тоа не е случај.
Граѓаните имаат право на стручни одговори во врска со епидемијата за превземените мерки,
препаратите со кои се прска и препораките по кои се постапува.
Милиони потрошени за прскање без доказ дека делуваат, исти фирми и средства со години,
наместо засилен мониторинг и следење на ефикасноста на средствата и појавата на резистентност.
ДЕМОКРАТИ бараат одговор од надлежните лица, зошто не се постапува по препораките од СЗО до ЦЈЗ, да се ротираат средствата со кои се прска, со цел да се избегни резистентност и да се зголеми ефикасноста. Наместо да се следат ваквите препораки, тендерот на Град Скопје со години наназад го добиваат исти фирми и по прогласувањето на епидемија се продолжи да се прска со исти средства и на ист начин (авионски), со образложение дека тие се средства од врвен германски производител, но не се кажува дека препаратот не е лиценциран и не е наменет за прскање од авион, туку само од земја. Препаратот испрскан од височина, наместо по канали и застоени води, завршува надвор од целните површини, на нивите, во градите на граѓаните, животните и животната средина каде не е потребно прскање.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО да се превземат мерки за запирање на епидемијата-размножувањето на комарецот и да има поголем мониторинг, испитување на резистентност и примена на нови поефикасни препарати за прскање од земја, наместо од воздух и да се направи ново мапирање на површините кои треба да се третираат, наместо зголемување на површините за прскање.
Исто така, истражните органи под ИТНО да утврдат кривична одговорност кај одредени институции и лица кои предизвикаа да се случи епидемија на западнонилска треска во Македонија, убиства на 8 невини граѓани поради бизнис договори, криминални тендери и лични интереси и тотална неодговорност за животот и здравјето на граѓаните во државата.
ОВА НЕ Е ЕПИДЕМИЈА, ОВА Е УБИСТВО НА 8, НЕВИНИ ГРАЃАНИ!

Претходно АГРИЖУВАЧКИ СТАТИСТИКИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО, НО И ЗАГРИЖУВАЧКИ ДЕМОГРАФСКИ СТАТИСТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ