Според ССМ (Сојузот на Синдикатите на Македонија), најновата пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка за месец октомври, покажува дека живеачката, за еден месец е поскапена за цели 926 денари.
Најмногу трошоци се потребни за набавка на храна, нешто над
26.000 денари.Тоа е цела минимална плата, за набавка само на најосновните прехранбени производи, за едно четири члено семејство.
“Вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец октомври 2026 година изнесува 70.358 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец септември 2026 година која изнесуваше 69.432 денари е зголемена за 926 денари.
Доколку семејството има и трошоци за кирија, тогаш сумата надминува 85.000 денари”, стои во извештајот на Сојузот на Синдикати на Македонија.
И додека синдикалците редовно алармираат за зголемените трошоци за живот, властите објавија своја “владина кошничка” која според нив е поевтина од таа на ССМ?!
ДЕМОКРАТИ одамна алармираат и велат дека не се потребни владини и синдикални пресметки, туку ИТНО покачување на минималната плата најмалку на 60.000 денари, а минимална пензија најмалку на 30.000 денари, како и линеарно покачување на пензите во иднина!
ДЕМОКРАТИ СЕКОГАШ СЕ БОРАТ ЗА ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ!


