Пратеничката група на ДПМНЕ поднесе Предлог -закон за трансформација во редовен работен однос.
Трансформацијата на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време ќе важат за околу 5000 лица вработени во јавниот сектор.
Во рок од 90 дена, институциите треба да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување.
“Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос ставаме на маса конкретно решение: сигурни работни места, достоинство, работнички права и крај на долгогодишната неизвесност,”потенцираат од пратеничката група на ДПМНЕ.
ДЕМОКРАТИ ги прашуваат јавно пратениците од ДПМНЕ кои го поднесоа предлог -законот, дали тој закон за трансформација на работен однос ќе важи за сите вработени во јавниот сектор или само за партиски послушници?!
И, зошто законот нема да важи за АРМ, МВР и за илјадници вработени лица со договор на дело во секторот образование?!
Кого уште го лажат и манипулираат ДПМНЕ, народот повеќе не им верува на нивните лаги и манипулации!
Ако е така, за едни да важи овој закон, а за други не, како и многу други закони во државата, за какви работнички права и достоинство зборуваат од ДПМНЕ?!!


