Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра, на предлог на криминалната СДС. Пратениците на Левица не беа во салата и не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа.
Заедно со нив, исто така не гласаа ЗА, ниту ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ.
Пред избори сите ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошничка. Исплата од први до седми во месецот, дупла дневница за викенд и празник…
Оправдувања нема. Нека знаат нивните гласачи зошто, на денот на пристојна работа, криминалните партии кои се на власт не само што не гласаа ЗА, туку некои од нив, не беа присутни во салата.
Зарем толку се цени трудот на најсиромашните, не само да не гласаш,туку и да не присуствуваш кога е на дневен ред таа болна тема?!
ДЕМОКРАТИ одамна предлагаат минималната плата да биде најмалку 60.000 денари, наместо 24.046 денари.
Исто така Премиерот Мицкоски да престане да ги лажни и манипулира граѓаните со терминот просечна плата која би била 60.000 денари до крајот на 2028 година, затоа што е тоа најголема измама и манипулација со платите на вработените. Точно нека каже колкав е бројот на вработените и точно нека ги каже бројките и висината на нет платата на секој што зема плата во Македонија!
НАРОДОТ НЕ ВЕРУВА ПОВЕЌЕ ВО ПРАЗНИТЕ ВЕТУВАЊА НА КРИМИНАЛНИТЕ ПРАТЕНИЦИ, НИТУ ВО ЛАГИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ!


