Колку и да звучи неверојатно сепак, последните информации поврзани со Македонија за поттикот и за водењето реална борба со организираниот криминал и корупцијата, и за односите со Бугарија, не произлегоа од нас самите туку дојдоа од САД, Холандија и Обединетите Нации.
Партиите во власт и лажната опозиција (читајте секогаш се на власт со нивните градоначалници и советници) кои се највиновни за ваквата состојба, СДС, ДУИ и ДПНЕ не мрднаа со прст изминатите 32 години, немаа време од пљачкосувањето на граѓаните и од разграбувањето на државниот имот, па состојбите дојдоа до степен на својот зенит поради што Американската амбасадорка Агелер вели во земјава имате епидемија од корупција и криминал, а за да можеме да разбереме колку е оваа состојба алармантна, не треба да одиме подалеку туку да се потсетиме на епидемијата со Ковид 19, за пластично да сфатиме што значи епидемија, кога веќе не сваќаме поинаку па секогаш на избори се гласа за овие партии кои не доведоа до питачки стап, а општеството го претворија во евтин плен на криминалните политиканти.
Што повеќе да ни кажат САД кои ја објавија и ја надополнуваат т. н. Црна листа. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан за политичари од наш ,,ков” вели ни возило на старо не би купил од нив, но и потсетува дека одлуката е на македонските граѓани.
И холандскиот амбасадор Коп, деновиве во интервју зборуваше за тоа колку е алармантна состојбата во земјава со (не)владеењето на правото прашувајќи каде им отидоа стотиците илјадници евра давани за јакнење и помош на борбата со организираниот криминал и корупцијата сите овие години. Затоа дотокот на средства од Кралството Холандија кон земјава е прекинат.
Деновиве стигна вест и од Обединетите нации преку Комитетот за заштита од дискриминација кој и наложи на Бугарија да ја прифати реалноста на Македонско малцинство и неговото право на здружување и политичко организирање како и да се почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за ова, кои се 14 на број.
И повторно странците, што е тоа нашите кои се избрани и платени за тоа од граѓаните да им тропнат на маса на Бугарите и да ги претстават овие барања.
ДЕМОКРАТИ се прашуваат, зошто ни се тогаш овие и вакви криминални политичари на кои странците апла им кажуваат што не им чини, а не им чини многу.
Како поинаку да ги освестат нашите граѓани дека треба да направат промена на следните избори. Да ги казнат сите овие партии кои изминатите 32 години наместо да го сузбијат тие го произведувале криминалот и корупцијата.
Дури и амбасадорот на ЕУ Гир, неодамна организира роденденска забава на Europe House во изгорената пошта за да ги потсети криминалците политичари дека овој објект со редок архитектонски израз треба час поскоро да се санира зашто никој не презема ништо цели 10 години од опожарувањето.
Што да се каже повеќе освен дека криминалните СДС, ДУИ и ДПНЕ се зрели за политичка ,,пензија”, народот е уморен од нивните ветувања без реализација. И затоа не им верува, над 50 проценти е апстиненцијалниот корпус кој не знае и вели нема за кого да гласа.
Но, ние велиме дека има за кого да се гласа. Гласајте за ДЕМОКРАТИ!
Направете разлика за добро на државата и за сите нејзини граѓани.


