КРИМИНАЛНА ДРЖАВА = КРИМИНАЛНО СУДСТВО

Уште еднаш се потврди дека нашата држава е криминализирана од политички злосторнички криминални банди, кои го криминализираа судството, јавното обвинителство, полицијата и сите државни институции.
МВР во четвртокот за МИА потврди дека Рамадани избегал од куќен притвор, од домот на роднини во земјата.
Блерим Рамадани е поранешниот војник на ОВК од Косово и врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и притворен во затворот во Шутка -Скопје. Спрема Србија, Рамадани како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во областа на Неродиме.
На 1 август, Судот во Скопје, поточно судијата
Пајазит Пајазити, од притвор во Шутка го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор.
Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека со оваа криминална одлука, Рамадани да се префрли од притвор во Шутка во домашен притвор во Скопје, кај свој роднина му е овозможено полесно да избега.
Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.
ДЕМОКРАТИ бараат судијата Пајазит Пајазити да биде ИТНО разрешен и да се поведе кривична одговорност за неговата криминална одлука, која му овозможи на Блерим Рамадани да избега.
Исто така МВР и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се одговорни што не го спречиа да избега од домашен притвор и треба да сносат одговорност.
ДЕМОКРАТИ се залагаат да се уништи криминалот и корупцијата во политиката, во судството, јавното обвинителство, полицијата, државните институции, кои се шират со секој изминат ден, благодарение на злото викано ДПНЕ-СДС-ДУИ, нивните полтронски коалициони сателити и нивните злосторнички криминални банди!
Затоа ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните да ни се придружат во ДЕМОКРАТИ и ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА, за да го уништиме еднаш за секогаш, криминалот и корупцијата во политиката, судството, јавното обвинителство и државните институции!
Претходно За жал, на Премиерот Мицкоски не смееме да му веруваме, затоа што ,,Едно кажува, друго мисли, а трето прави”!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ