Date
септември 24, 2023
Time
17:00 - 19:00
Локација
Собрание на Македонија

Доста е почитувани граѓани, ВЕ повикуваме во недела на 24 септември во 17 часот пред Собрание на Македонија да се избориме од ропството на сиромаштијата што овие 32 години ни го наметнаа СДС, ДУИ и ДПНЕ.

Тоа ропство не умира долго и тивко, а од Македонија прави гробница од живи луѓе без перспектива, без реализирани соништа, желби и амбиции.
ДЕМОКРАТИ како и многу пати досега одржуваа протести за да укажат на лошите и неподносливи состојби во повеќе области, а што се од животно значење на граѓаните. И антиципирајќи ги таквите состојби за екстремно криминализирани без вистинска политичка воља од булументите на власт и во опозиција СДС, ДУИ И ДПНЕ за нивно решавање и со претстојниот протест акцентот го ставаме на проблемот со сиромаштијата под чиј праг во земјава живеат речиси половина милион луѓе.

Сиромаштијата создава несреќен народ со афектирано здравје, луѓе без можност да го осознаат светот, да научат, да прошетаат да им се отворат нови хоризонти, да се нахранат квалитетно, да се облечат топло и да се згреат кога е потребно, а ваму ни се кажуваат розеви приказни ќе сме влезеле во ЕУ, со над 440 000 наши сограѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и огромна неизвесност.
Македонија ја претворија во држава на иселени, болни и несреќни луѓе, додека секојдневно гледаме политички бордел како се случува пред нашите очи, кој со кого и за што се пазари, се спомнуваат купишта пари од оние кои ја доведоа работата до ова дереџе 32 години и кои го запусти народот.

Македонија “стенка” под јаремот на оние кои самата ги избира на избори. Затоа потребни се нови политичари кои ќе донесат и нови стратегии како да не потонеме сосема, а веќе се случува тоа. Со приказните за ЕУ сите овие години, а во реалноста правејќи се против ЕУ, државава ја претворија во сивило во кое живеат над 80 % од населението, со стапка на сиромаштија која од 2010 до 2020 беше околу 43%, а сега над 21%.
Најзастапени во овој процент на сиромаштија се 4 члените семејства но расте бројот и на самите лица кои живеат под стапката на сиромаштија сега се околу 110 илјади. Сиромаштијата најмногу ги погодува децата под 17 години, а 7 % од пензионерите исто така живеат во сиромаштво. Дури и над 8% проценти од вработените живеат под стапката за сиромаштво. Според Обединетите нации во Македонија 440 000 луѓе живеат со под еден долар дневно..

И поради сите овие бројки кои делуваат тажно и морничаво но од друга страна повикуваат на борба, трезвеност и одлучност да им се стави крај на овие тенденции и политичари кои ги држат граѓаните во апсолутен мрак и неизвесност.
Доста е, ВЕ повикуваме во недела на 24 септември во 17 часот пред Собрание на Македонија да се избориме од ропството на сиромаштијата што овие 32 години ни го наметнаа СДС, ДУИ и ДПНЕ.

Тоа ропство не умира долго и тивко, а од Македонија прави гробница од живи луѓе без перспектива, без реализирани соништа, желби и амбиции.
Доста е ДЕМОКРАТИ ве повикуваат да ни се придружите во борбата за победа на овие изроди !

Претходен ПРОТЕСТ пред Сител Телевизија и Канал 5!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ