Date
октомври 1, 2023
Time
17:00 - 19:00
Локација
Собрание на Македонија

Почитувани граѓани,

Демократи Ве покануват на општонароден протест против предлог Законот за амнестија и измените во Кривичниот законик кој ќе се одржи недела, први Октомври, во 17 часот пред Собрание на Македонија.

Во Македонија имаме секојдневни упади во правниот систем по мерка на политички номенклатури, криминалци од сите досегашни кои ја имале власта во свои раце СДС, ДУИ, ДПНЕ.

Пораката е крадете од народот, криминалот ќе ви биде простен.

Малку им беа зголемените плати, сега уште да им ги простиме злоделата на функционерите – криминалци.

Платите си ги покачивте за 78%, и веќе 6 месеци ги земате со тоа покачување, ги намалувате казните за злоупотреба на службената положба и овластување и за злосторничко здружување, а сега сакате да донесете нов закон за амнестија, да ги амнестирате политичките криминалци – функционери кои ја пљачкаа Македонија и народот!

И што уште треба да дозволиме?

Да избегате во гепек за да не се соочите со правдата?!
Нееее драги функционери – криминалци нема да се спасите од прогонот поради криминалот што го правите.
ДЕМОКРАТИ ќе го променат ова функционерско развратничко однесување!
ДОСТА Е НАРОДЕ, не дозволувај повеќе да бидеш манипулиран, лажен и краден!
Имаме избор, на следните избори гласајте за ДЕМОКРАТИ зошто демократијата е власт на народот, а народот се ДЕМОКРАТИ!
За жал, Власта упадна и го промена Казнениот законик пред 3 недели, а сега сака да упадне и предложи промена на закон за амнестија за да ги АМНЕСТИРА политичките криминалци – функционери од кражбите на векот!
Народе, да излеземе масовно на протести за да го искажеме нашиот револт и да ги принудиме ненародните пратеници да не го изгласаат предлог Законот за амнестија и да го повлечат новиот Кривичен законик!

Претходен Да се избориме од ропството на сиромаштијата што овие 32 години ни го наметнаа СДС, ДУИ и ДПНЕ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ